Министерот за надворешни работи Бујар Османи од високиот заеднички претставник на ЕУ за заедничка безбедносна и надворешна политика Жозеп Борел бара столче на масата на Советот за надворешни работи на унијата.

Додека Македонија се соочува со сериозни критики за намалувањето на казните за корупција и криминал за функционерите Османи бара да биде дел од тело на ЕУ каде седат само членките на ЕУ.


Османи барањето го темели на усогласувањето на македонската надворешна политика со ЕУ на ново од 100 проценти.

,,Повеќе интеграција пред членството. Конкретно: Македонија е 100 % усогласена со заедничката надворешна политика на ЕУ. Со таква посветеност, зарем не е време да седиме во Советот за надворешна политика? Да почнеме со конкретни чекори кон целосна интеграција”, пишува во молбата од Османи до Борел.

Советот за надворешни работи (ФАЦ) е тело на Советот на Европската унија што се состанува еднаш месечно. На состаноците се собираат министрите за надворешни работи на земјите-членки. Учествуваат и министрите одговорни за европски прашања, одбрана, развој или трговија во зависност од точките на дневниот ред. Ова тело е единствено по тоа што претседава Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, наместо земјата-членка која претседава со Советот на Европската унија. Има еден исклучок, кога FAC се состанува во конфигурацијата на министрите одговорни за трговија (FAC/Trade), а со состанокот претседава министерот на претседавачката земја-членка.

На своите сесии, ФАЦ се занимава со целокупното надворешно дејствување на ЕУ, вклучително и Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП), Заедничката безбедносна и одбранбена политика (ЗОБП), надворешната трговија и развојната соработка. Приоритет во последниве години за FAC, во соработка со Европската комисија, беше да се обезбеди кохерентност во надворешната акција на ЕУ низ опсегот на инструменти со кои располага ЕУ.

Советот за надворешни работи собира различни претставници на министерско ниво во зависност од агендата на одреден состанок на Советот. Вообичаено, учествуваат министрите за надворешни работи на секоја земја или нивните претставници, како што се постојани претставници, државни секретари итн. Во други случаи, учествуваат министрите за одбрана, за трговија или за развој.

Преходно Османи признал дека наскоро може да нема полноправно членство во ЕУ

Скандалозно: Османи прифаќа неполноправно членство во ЕУ а инсистира на уставни измени