Министерот за надворешни работи Бујар Османи по својата презентација на табла во која тврди дека иако владата презела обврски нема да има блокада вечерва е обвинет за ширење лаги и спинови од човек што не може да биде обвинет за албанофобија.

Вие очигледно не сте ни свесни колку е погрешна таа проценка, но јас секако немам намера да ве разубедувам, му пишува новинарот Бранко Героски на Османи.


,,Во секој случај, немојте на јавноста да ѝ кажувате дека многубројните софиски уцени и обиди за негирање на македонскиот идентитет, кои произлегоа од активностите по склучувањето на Договорот за добрососедство и по потпишувањето на двата протокола (еден е со ваш потпис), нема да бидат тема на преговорите меѓу Скопје и Брисел.

Немојте, затоа што така ширите лажни вести и евтини спинови, а јас би сакал да верувам дека тоа не е вашата намера.

Немојте, затоа што овој однос ги навредува чувствата на македонскиот народ. И мене лично ме навредува. Ние Македонците не сме неписмени, за вие на табла да ни цртате што е што и така да нè убедувате дека немаме причини за загриженост.

Тоа е непристојно, господине Османи!”, пишува Героски во својата колумна за Плусинфо.

Во меѓувреме Османи е предмет на политичка сатира на социјалните мрежи.
Фотографијата во овој текст е дел од шегите на сметка на Османи а ја објави новинарот Горан Момироски.