Османи: „Нема повеќе еднонационална дипломатија во Македонија“

Бујар Османи ја подготвува платформата на македонската дипломатија за следните десет години.“ – пренесува весникот на албански јазик „Коха“.

„Досега немаше стратегија ниту за мандат, ниту за одреден период во дипломатијата на Македонија. ‘Рефлексии 2030’ е прва платформа од ваков вид, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој во своето интервју дадено за ТВ21 изнесе детали за процесот на составување на таа платформа.

„Сакам платформата да ја одразува секоја идеја. Во процесот на размислување планирав средби со граѓани, тематски конференции и активности на Стратегискиот совет.
Кога ќе има средби со граѓаните, тие ќе бидат ислушани сите. Овој процес е консултативен, за да се добие мислење од оние кои размислуваат поинаку. Во меѓувреме, потсетувам дека луѓето избрани во Стратегискиот совет се истакнати експерти на полето на дипломатијата. Тие имаат поинакво мислење и не зависат од дневната политика. Идејата е прво да има дебата, а потоа да градиме стратегија“ – рече Бујар Османи во интервјуто за ТВ 21, пренесува „Коха“.