Османи не чул што порачаа вчера навивачите на „Шкупи“

„Не сум ги слушнал тие пораки. Секоја изјава која што предизвикува етничка нетолеранција е спротивна на законот“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, запрашан за коментар по вчерашните националистички пораки од навивачите на „Шкупи“ на стадионот во скопски Чаир.

На една од паролите, истакнати на натпреварот во Чаир пораката беше:

Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“.