Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вели дека треба да се прекине овој циклус на меѓусебни препукувања, провокаци одговарајќи на прашањето на Радио слободна Еввропа околу радикалното однесување на некои бугарски политичари за кое самиот министер неодамна изјави дека секој кој ќе покаже територијални претензии или ќе го навредува македонскиот народ, неговите чувства, идентитет, ќе се соочи со забрана за влез во државата.

За бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој продолжува со изјавите дека „Македонија е бугарска“ а во последните денови неговите изјави добиваат уште порадикална димензија, Османи вели:

„Прво во однос на Џамбаски, бугарското општество него го отфрли на последните избори, воопшто не им дозволи на нивната партија да влезе во Бугарскиот Парламент.

За жал, мислам дека нашето општество штотуку му обезбеди на Џамбаски уште еден мандат во Европскиот Парламент, создавајќи од него некаква политичка ѕвезда од тотален маргиналец во бугарското политичко општество“.

Околу најавите за организирана посета на Бугари во Скопје на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари што Советот за безбедност го оцени како настан од висок безбедносен ризик и претседателот укажа на руска вмешаност во зголемувањето на тензиите меѓу двете земји, министерот со одговор:

„Јас немам такви директни информации, меѓутоа дека има интерес на трети фактори да се одржат живи конфликтите во овој регион, некогаш и замрзнати, со цел полесно да може да се манифестира влијание во нашиот регион, тоа е веќе позната работа од поодамна и тоа влијание сме го виделе во различен интензитет, во различни периоди на односите, не само меѓу Бугарија и Македонија, туку воопшто на Западен Балкан, така што сигурно последната ескалација ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт.

Дали е тоа во наш интерес? Јас не се согласувам“, вели микнистерот.

Запрашан дали би ги именувал тие „трети фактори“, Османи со одговор:

„Руската федерација“.