Османи на министерски состанок на НАТО во Берлин

Шефот на македонската дипломатија,Бујар Османи во Берлин ќе учествува на дводневниот состанок на министрите за надворешните работи на земјите членки на НАТО. Руската воена инвазија врз Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите на Алијансата во Мадрид, ќе бидат во фокусот на разговорите.

На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.

Како што соопшти МНР, на маргините на состанокот се очекува Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, како и со други колеги учесници на средбата.