Вицепремиерот Бујар Османи во телефонски разговор за ТВ21 изјави дека ја почитува судската одлука, дека не може да го посети притворениот некогашен припадник на ОНА, Томо Морина, но дека „сепак пронашол начин да му се обрати“ и да му каже „дека прават сѐ за да не биде екстрадиран во Србија“.
„Најдов начин да му испратам порака на господинот Морина дека ги активиравме сите домашни механизми за да ја разјасниме ситуацијата и што поскоро да се донесе позитивна одлука за него и да се гарантира дека нема теоретски шанси да биде екстрадиран во Србија, како и дека она за што се ангажирам е да биде ослободен од притвор додека не завршат постапките во Министерството за правда и додека министерството не донесе одлука дека нема да биде екстрадиран“, рече Османи.
Османи е дециден дека испорачување нема да има, за што очекува одлуката да биде донесена уште в понеделник, додека од Косово преку амбасадорот во Скопје предупредија дека екстрадицијата може да ги наруши односите Косово-Северна Македонија,
На 24-ти јули, поранешниот член на ОНА, Томор Морина, беше уапсен во Македонијапо потерница на Интерпо, а Србија бара негова екстрадиција.