Османи: Македонските граѓани да се вратат од Украина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифинг со новинарите повторно упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Украина.

„Во однос на државјаните, треба да ја искористат можноста на постоење на комерцијални летови и да се вратат во Македонија“, порача Османи.

Според министерот во Украина има околу 100 македонски државјани.