Османи: Кога ќе видат дека Бугарите и сега ги има во Уставот, ќе треба само да ги именуваме со име!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи е уверен дека, кога ќе бидат објавени предлозите за измените на Уставот заради впишување и на Бугарите, ќе биле „за“ и тие што сега се против?!

„Луѓето кај нас имаат реални фрустрации. Велат: ‘Има ли крај оваа работа до ЕУ?’. Не е време за јавна дебата тука кај нас, кога во Бугарија е предизборен период. Многу важно е да имаме помош од меѓународниот фактор. Затоа, ќе почекаме уште малку и ќе отвориме јавна дебата за уставните измени. Верувајте, кога ќе се објават предлозите, кога ќе ги прочитаат формулациите, толку многу ќе се растоварат, кога ќе видат дека станува збор само за технички работи, кога ќе видат дека Бугарите и сега ги има во Уставот, ќе треба само да ги именуваме со име, јас мислам дека ќе рефлектираат сите, дури и тие што се против!”, изјави Османи во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21.