Министерот за надворешни работи, на денешната прес-конференција пред медиумите рече дека помеѓу Македонија и Бугарија постојат разлики во очекувањата од Договорот за добрососедство и дека за таа цел се формирани работни групи за да се надминат овие разлики.

„ Разговаравме околу дилемите околу новото кратко име, дека не означува територијална претензија, дека и долгото и краткото име не дефинираат територријални претензии. 

Ние сме подготвени да ги реафирмираме прашањето дека немаме никакви други интенции“, додаде Османи, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој дополни дека договорено било и да се подобрат логистичките околности за билатералните комисии за историски и образовни прашања да дојдат до решенија.

Во однос на последните барања на бугарските политичари да се променат плочите на спомениците каде пишува „бугарски фашистички окупатор“, Османи рече дека за тоа прашање треба да разговараат комисиите, а не политичарите.

„Би било добро да се дојде до реципрочно ублажување на тонот на историските прашања, но за тоа решение треба да најдат комисиите, бидејќи ако најдат политичарите, тоа ќе биде во иднина секогаш оспорувано“, наведе министерот.