Османи како Баба Ванѓа, знае што пишува во записник од седница што не се случила

Откако беше критикуван што зборуваше за меѓуетнички тензии што подоцна се случија шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи со нова изјава каде што се јавува во улога на јасновидец

Османи вчера изјави дека нема никаков срам околу Протоколот со Бугарија кој го објасни како записник од настан што не се случил.

Од каде знае Османи што точно на ниво на записник ќе се случи на седницата која допрва ќе се одржи тој не открива.

,Тој е записник од седница, која што сѐ уште не е одржана. Протоколите се записници од средби што се одржуваат еднаш годишно и се предвидуваат мерки како да се имплементира Договорот. Сакам да демантирам дека тоа задира во идентитетските прашања. Тој записник нема да задира во никакви идентитетски прашања, туку кажува што прави Владата откако Историската комисија ќе донесе одлуки за заеднички погледи на некакви интерпретации”, вели шефот на дипломатијата.

На владината седница каде ќе се разговара за протоколот треба да учествуваат двајца фукнционери во владата, еден министер од ЛДП Горан Милевски и еден заменик од Демократскиот Сојуз Зоран Димитровски кои се противат на францускиот предлог и сигурно ќе имаат забелешки на протоколот во рамки на дебатата во владата во Скопје.

,,Доколку нема одлука на Комисијата, ништо не може да се имплементира, смени или прави. Разговарани се кои мерки би биле предвидени за наредната година, но записникот треба да се усвои на седница на меѓувладина комисија. Не е точно дека со било што се задира во некои прашања поврзани со историја или идентитет”, тврди Османи пренесува Прес24