Министерот Бујар Османи испитуваа кој стои зад македонскиот клутурен центар во Благоаевград кој треба да се отвори в недела.
Во интервју за БТВ, Османи говореше за оваа проблематика која предизвика многу реакции кај македонската и бугарската јавност.
„Се уште испитувам кој стои позади тоа. Истовремено, треба да се види и тука кој стои позади клубовите кои се отвораат. Прашање е дали навистина се добронамерни од двете страни или тоа е нечија агенда“, истакна Османи за .
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, тоа треба да се провери, внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или се дел од туѓа агенда.
Бугарското ВМРО во Бугарија најави дека во недела ќе организира протест во Благоевград, а воедно се очекува навивачите на фудбалскиот тим „Пирин“ да прослават 100 години од неговото формирање.
Полицијата во Благоевград презема мерки за да спречи ескалација на овие настани, најави полицискиот комесар во градот Димитар Ичев.
