Османи: Имаме поддршка од сите, останува Бугарија

Имаме недвојбена поддршка не само од Холандија, туку од сите земји-членки на ЕУ. Останува прашањето со Република Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, вои одговор на новинарско прашање во однос на информациите кои претходно излегоа дека и Холандија и Данска се против почетокот на преговори на земјава со Унијата.

„Холандскиот министер за надворешни работи во холандскиот парламент јасно ја образложи поддршка на Холандија за започнување на преговори на с.Македонија, констатирајќи го прогресот на земјата и во делот на надминување на разликите и во делот на реформскиот пат“, рече Османи.

Запреговорите со Бугарија министерот вели:

„За што се разговара? Рамката е утврдена уште од 2017 година во Договорот за добрососедство. Во моментот и работните групи и јас и премиерот разговараме за надминување на разликите во очекувањата и во погледите по однос на прашањата. Се надевам дека Бучковски ќе биде примен во Бугарија на највисоко можно ниво за да може да разговараме отворено за можностите за надминување на разликите уште сега, за да може да пристапиме кон одржување на првата меѓувладина седница“, изјави Османи.