Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска информираше дека има документ како основа за договор со Бугарија, кој е прифатлив за македонската страна.
Детали што содржи тој документ засега не се споделуваат ниту со пратениците ниту со граѓаните, јавува Дојче веле.
„Има еден таков документ којшто сме спремни да го прифатиме, меѓутоа сѐ додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани предусловите за да можам да ги информирам пратениците и јавноста.
Тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно“, изјави Османи.
Тој оцени дека има напредок во размислувањата како да се надмине ова прашање а на дневна основа се одвиваат комуникации меѓу македонскиот и бугарскиот државен врв.
