Времето на исклучување е поминато, сега е време на соработка, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во врска со бојкотот на министерот за економија Крешник Бектеши на меѓународен форум во Молдавија поради неучеството на Косово.



„Енергетската заедница има клаузула според која доколку една држава од членките не присуствува, а Косово е членка, тогаш не може да има консензус во одлучувањето, бидејќи одлучувањето во Енергетската заедница е со консензус. Така што отсуство на една држава значи дека не може да има какво било одлучување“,вели Османи.

Според него, одбивањето на Бектеши да учествува на конференцијата било поради начинот на функционирање на Енергетската заедница отколку а не за солидаризирање со Косово.