Османи ги брани заканите од Реисот: ИВЗ се финансира од донации за Рамазан

Мислам дека изјавата е извадена од контекст, Не треба да правиме драма од тоа што тиер (ИВЗ-н.з.) бараат помош, бидејќи секој е оштетен, реагираше денеска вицепремиерот Бујар Османи  на упатената закана од лидеорот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи дека доколку Владата не ја помогне, ќе ги повикал верниците да не ги почитуваат владините мерки за справување со коронавирусот.

„Мислам дека изјавата е извадена од контекст„ Не треба да правиме драма од тие што бараат помош (…) во редовна комуникација со поглаварот“ вели Османи кој објаснува дека побарал да се затворат џамиите во време на пандемијата, пренесе А1.ОН.

Османи, како што пренесува А1.ОН, вели дека основен извор за финансирање на ИВЗ се донациите за време на Рамазан и дека докколку не работат не ќе можеле да ги исплатат платитѕе на имамите, оџите…

Според Османи, барањето на ИВЗ е легитимно но не знае дали владата ќе го исполни…