Во предупредувачката офанзива на властите кои тврдат дека доколку не ги внесеме Бугарите во Уставот, тогаш дефинитивно влегуваме во изолација и ќе бидеме дел од семејството држави без долгорочна перспектива, се вклучи и актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи.
Тој, како што пренесува Плусинфо, воопшто не трошеше зборови за сликовито да ни претстави дека Европската Унија е нашиот кислород без кој ќе се задушиме и без кој не можеме да живееме.
На брифингот со новинарите ги спомна и меѓуетничките односи, односно опасноста од нивно евентуално нарушување доколку не бидат изгласани уставните измени и не бидат внесени Бугарите во Уставот.
Дел од политичките експерти со коишто разговараше Плусинфо оценуваат дека се работи за класична „баба Рога“ кампања, односно за обид на властите да влеат страв во коските на сопствениот народ и на таков начин да извлечат „благослов“ за уставните измени.
Други, пак, сметаат дека треба сериозно да се сфатат владините предупредувања, бидејќи, како што велат, власта во неколку наврати докажала дека е „валкан играч“.
За трети, предупредувањата од властите се навремени и тие реално ја отсликуваат состојбата во којашто би се нашла земјава доколку не бидат изгласани уставните измени.
Анализата на Плусинфо на следниот ЛИНК
