„Министерот за надворешни работи на * Македонија Бујар Османи во интервју за Гласот на Америка вели дека предвремената изборна кампања во Бугарија и политичката напнатост во * Македонија се причините за ескалацијата на односите меѓу двете земји. Тој вели дека споровите треба да се решаваат со дијалог, за да не се остави простор за ‘политички профитери и провокатори’.“ – објави „Гласот на Америка“ на албански јазик.
Османи: Дијалогот – пат за намалување на напнатоста меѓу Скопје и Софија
Глас на Америка: Односите со Бугарија стануваат напнати особено сега по инцидентот со припадник на бугарското малцинство во Охрид. Софија најавува поништување на европските проекти со Скопје. Каде води ова?
Бујар Османи: Односите на *Македонија со Бугарија се историски тешки, сложени и во малку периоди во минатото биле стабилни. Најавата за предвремени избори во Бугарија и политичката напнатост во * Македонија ја создадоа оваа ситуација. Овие ситуации обично уште повеќе ги поттикнуваат ваквите дебати. Ако бугарската реакција е поврзана со инцидентот во Охрид, може да се констатира дека е несразмерна, бидејќи државата ги презела сите неопходни мерки тој случај да се изолира и сторителите да се идентификуваат, да се изведат пред лицето на правдата и да се казнат. Повикувам на смиреност. Сега ни треба намалување на напнатоста и враќање на нормалната комуникација меѓу двете држави, за да не им оставиме простор на политичките профитери и провокатори да се хранат од ова и да ги градат своите политички кариери.
Глас на Америка: Претседателот Стево Пендаровски и препорача на Владата да ги прогласи како „непожелна личност“ европски пратеник од Бугарија и други политичари со нагласени противмакедонски ставови. Дали се разговарало во Владата за ова барање на македонскиот претседател?
Бујар Османи: Прашањето е во надлежност на МВР. Владата само го задолжи МВР да направи анализи во однос на безбедносните аспекти, пред се очекуваните настани на 4 февруари, кога ќе биде манифестацијата на роденденот на Гоце Делчев. Се предвидува дека тоа ќе биде настан со високи последици за безбедноста импликации и ќе видиме каква ќе биде одлуката на МВР. Сметам дека треба да го одредиме принципот дека никој не може да дојде во * Македонија и да ги негира територијалниот интегритет на државата, или постоењето на народите, постоењето на која било заедница, а да нема никаква реакција од државата, па дури и забрана за влез. Сепак, ова откако ќе се воспостави и ќе се промовира принципот. Ретроактивните пристапи не се решение за кој било проблем во * Македонија.
Глас на Америка: Дали сте комуницирале со Брисел по овие судири со Софија и дали постои опасност за ново бугарско вето на патот на интеграцијата на * Македонија во ЕУ?
Бујар Османи: Комуницирав и во наредните денови ќе одам во Брисел, за да се сретнам со сите лидери на ЕУ и да разговараме за ова прашање, иако одам и заради друга работа таму. Треба да го зачуваме дијалогот и да најдеме начин да ги надминеме предизвиците меѓу нашите држави. Тоа се ситуации, кои произлегуваат од тешките односи меѓу двете земји, но е создадена рамка, што ќе ги стабилизира долгорочно овие односи.
Глас на Америка: Дали руската пропаганда има влијание врз * Македонија?
Бујар Османи: Да, во рамки на влијанието врз целиот регион, бидејќи Руската Федерација нема што да му понуди на Западниот Балкан во однос на перспективата, економскиот напредок, вредностите на правната држава и т.н. Кога немате начин да понудите подобра алтернатива, тогаш важно ви е само да го одржите вашето влијание преку одржување вечни конфликти. Затоа статус кво на постојани конфликти во регионот не му оди во прилог никому, освен на некој друг. Дури и во * Македонија постојаните кризи, што ги имавме, беа можност за такво влијание. И оваа последна криза во односите со Бугарија, што може да се случи со блокирање на преговорите, ако не се постигнат уставните измени за внесување на бугарското малцинство, може да биде можност за такво влијание и во * Македонија.