Османи: Ако има нов француски предлог, ќе го разгледаме

Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка го прави францускиот предлог неприфалтив за нашата страна, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Владата е отворена да ја разгледа новата верзија на францускиот предлог доколку таа пристигне, изјави всиноќа министерот.

„Француското претседателство е до 30 јуни, тоа значи дека во наредните денови, доколку тие се решат за нов предлог, согласно овие ставови на двете страни кои беа и јавно објавени, ние сме отворени да го процениме.

Доколку добиеме предлог, ќе бидат консултирани институциите и ќе донесеме решение. Апсолутно нема да се водиме од хибридни напади, од разочарани политичари кои сметаат дека можат да вратат кариера на бранот на јавното расположение.

Ние сме избрани да водиме и ќе водиме доколку сме убедени дека тоа е политика која води напред за граѓаните и државата“, наведе Османи.