„Како може ние да немаме струја кога плаќаме редовно. Имаме дома фрижидери, храна, бизниси, маркети, кафулиња, сето тоа ќе заврши во ѓубре. Веќе 48 часа не можеме да се искапеме на 40 степени, затоа што бањите ни се на хирдофори од бунари, без струја немаме и вода.

Ако ЕВН нема начин да влезе во Слупчане тоа не е наш проблем туку на компанијата и државата, ние си ги бараме нашите права како граѓани“, изјави Фаредин Дестани, секретар на Месната заедница“, за СДК.

Стотина жители на липковското село Оризаре денеска простестираа пред подружницата на ЕВН во Куманово, незадоволни што повеќе од 24 часа немаат струја, поради протестот во Слупчане.

Во селото Оризаре има околу 500 куќи, во сите домаќинства се сменети струјомерите и немаат проблем со подмирување на сметките. Велат дека сега е време кога многу иселеници се дојдени од странство, прават веселби, а без струја целосно им е парализиран животот.