Ориѓански: Историска грешка ќе биде ако кон ЕУ се одвоиме од Албанија, прекрасен, благороден и посебен европски народ

Композиторот и директор на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, Златко Ориѓански, ја сподели на Фејсбук својата загриженост од евентуалното одвојување на Македонија од Албанија на патот кон Европската унија.

„Ние, ако се одвоиме од Албанија на нашиот пат кон Европа, тоа ќе биде нашата најголема, историска грешка и несреќа, памтете ми го зборот. Вие не го познавате овој прекрасен, благороден и посебен европски народ. Вие сè уште се водите од мртвите ЈУ-филмови“, коментира Ориѓански на социјалната мрежа.