Полскиот бискуп, во чија епархија имаше скандал за оргија во дом на свештеник, поднесе оставка, објави во вторникот Ватикан.
Во соопштението за медиумите не се наведува точната причина за оставката на епископот Гжегож Кажак, туку само дека Папата ја прифатил, пренесува хрватскиот Јутарњи.
Епархијата во југозападна Полска ја потресе скандал откако во септември во полските медиуми беа објавени извештаи за оргија во дом на свештеник во градот Даброва Горнич.
Според полските медиуми, машка проститутка колабирала на забава откако конзумирала премногу апчиња за еректилна дисфункција (вијагра).
Еден од учесниците на забавата се јавил на 911, но кога медицинските екипи пристигнале на местото на настанот не им било дозволено да влезат, туку му помогнале на човекот откако била повикана полиција.
Бискупот ги повикал верниците да се молат за свештениците кои биле вклучени во ова и другите луѓе кои не направиле ништо лошо, но биле погодени од нивното однесување, пишува дневниот весник Газета Виборча и други медиуми.
Свештеникот кој ја организирал забавата во неговиот стан, по име Томаш З, добил отказ.
Епархијата соопшти дека неговото однесување е „причина за голем скандал за верниците и дека тоа го оправдува јавното негодување“.
