Од Обединетите нации беше побарано да воведат санкции против Израел поради окупацијата на палестинска територија и воведувањето режим на апартхејд. Изјавата беше потпишана од 71 палестинска и арапска организација и 280 академици од 45 земји.
Изјавата беше поднесена на 21 март, Меѓународниот ден за елиминација на расната дискриминација, до Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН во Газа и Канцеларијата на специјалниот координатор на ОН за мир
Еден од иницијаторите на оваа кампања, Рамзи Авде, за новинската агенција Анадолија изјави дека треба да се воведат економски и политички санкции кон Израел поради политиката на апартхејдот и злосторствата врз Палестинците.
Тој додаде дека во заедничката изјава се отфрла политиката на двојни стандарди на западните институции во нивниот пристап кон палестинското прашање во споредба со актуелната украинска криза.
Авде рече дека заедничката изјава ќе биде претставена на претставниците на Европската унија во Газа следната недела. Ал џезира