Ордановски призна дека шпекулирал, Заев не бил кабаетлија

Новинарот Сашо Ордановски кој пред два дена објави дека Груевски избегал преку Србија сега вели дека тогаш шпекулирал.

Во најновата колумна тој го критикува НАТО дека е неспособна организација и воопшто не го споменува Заев како одговорен за бегството на Груевски.


Тој топката сега ја префрла на министрите Спасовски, Шеќеринска и Десковска.

“Како што (за сега) стојат работите, од Македонија, земјата кандидат за членство во НАТО, Груевски илегално влегол во Албанија, земја членка на НАТО, потоа легално (со лична карта, со фалсификуван пасош?), возен во унгарски дипломатски автомобил, поминал во Црна Гора, уште една земја членка на НАТО, за од таму (не се знае како) да заврши во Унгарија (ако е, воопшто, таму, за што уште немаме физички докази), а и таа земја членка на НАТО?!
Речиси да поминал низ третина членки на НАТО, како младо петле низ широка авлија!

Многу јака ова најмоќната безбедносна алијанса на светот! Можел Груевски, почесниот претседател на една овдешна револуционерна организација, во торбите да не носел само, наши, милиони евра (претпоставка, можеби биле и повеќе), туку и нечии три грама ураниум и десет килограми експлозив семтекс, и никој по пат да не го прашал за јуначко здравје. А можел да се вика и Али Агџа или Ли Харви Освалд…”, пишува Ордановски во колумната “Ало, Хјустон, имаме проблем!”.

“Сепак, сепак, молам за смиреност, за момент да востановиме некаква прибраност и да заборавиме на стотиците прикаски и шпекулации – меѓу кои и моите од пред два дена, дека пребегал преку Србија до Унгарија):-! – за да ја погледнеме целата ситуација од мала нирвана-дистанца. Што ни нуди таквата аналитичка будистичка перспектива?”, смета Ордановски.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк