Орбан: За санкциите се одлучува од места кои се далеку од Русија

Унгарскиот премиер продолжува со својата реторика против санкциите кон Русија спротивставувајќи се отворено на политиката на Брисел.

„Санкциите ги воведуваат посилните против послабите, а ЕУ е ‘енергетско џуџе’ во споредба со Русија.

Тие санкции ни нанесуваат голема штета. Лоши се, болни и чинат многу пари. Цените на енергетските производи вртоглаво пораснаа“ вели Виктор Орбан.

За санкциите – како што вели – најчесто се одлучува на места кои се безбедни и далеку од државата против која се воведуваат санкциите.

„Поблиску сме до санкционираната земја, односно Русија. Нема ништо изненадувачки во тоа што позицијата на Унгарија радикално отстапува од позицијата на Брисел“, вели Орбан.