Унгарскиот премиер Виктор Орбан гледа индиции за надоаѓање нов мигрантски бран, а Унгарија, како „порта на Балканот“, има интерес „работите да се одвиваат добро“ и во тој бегалски контекст смета дека треба да им се помогне на Македонија и на Србија.

„Навистина гледаме индиции за приливот што надоаѓа“, рече тој за радиото Кошут, нагласувајќи дека тоа ќе биде предизвик.

„Унгарија успеа да ги спречи мигрантите да доаѓаат ваму, но соседите не се заштитени и потребна им е помош. Како резултат на тоа, Србија ќе продолжи да се смета за стратешка земја, а Македонија ќе биде еднакво важна“, додаде тој.

Орбан оценува дека во Европа во тек е префрлање на населението, кое во еден дел се изведува со цел за помагање на шпекулантите како американскиот финансиер Џорџ Сорос да заработои пари „со уништување“ на стариот континент.

„Ние не сакаме да се мешаме со други. Нам ни е добро вака, кога станува збор за христијанството, јазикот, културата и начинот на живот, како и слободата на верата и пристапот на семејството и односите меѓу мажите и жените“, порача унгарскиот премиер.