Виктор Орбан се заканува дека ќе го блокира продолжувањето на санкциите на Европската унија против Русија, соопштија дипломати цитирани од ДПА.

Се претпоставува дека тоа го прави со цел укинување на санкциите против тројца руски олигарсi, пренесува РСЕ.

Алишер Усманов, Пјотр Авен и Виктор Рашников, инаку, се меѓу речиси 1.200 лица кои беа санкционирани од ЕУ за поддршка на руската инвазија на Украина.

Нивниот имот е замрзнат, а исто така им е забранет влез во ЕУ.

Според дипломатите, ЕУ денеска се надева(ше) дека ќе го има договорот од сите 27 земји-членки за продолжување на санкциите.

Доколку санкциите не бидат продолжени до 15 септември, ќе истечат.