Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски.
Дрвото било исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје, дознава ТВ21..
Вчера беше исечено дрво пред билборд, а на прашање зошто се сече дрвото, одговорот беше „да се гледа билбордот“, на кое е ликот на еден кандидат за градоначалник од една политичка партија.
Во меѓувреме, активисти на Зелен Хуман град посадија ново дрво пред споменатиот билборд.