Општина платила фантастични 69 илјади на кафуле (ФОТО)

Кафулето “Фјужн” добило фантастична сума од локалните општински власти во Дебар за една јавна набавка која може да се состои од кафиња и други пијалоци.

Како што јавуваат медиуми на албански јазик парите се платени на 24 ноември односно три недели откако во Дебар беше избран старо новиот градоначалник од ДУИ.

Според сликата која ја објавуваат дел од медиумите на албански јазик на денот на победата на ДУИ во истото кафуле членови и активисти на оваа партија прославувале со голем број на алкохолни пијалоци.

Дали општината плаќала за прославата на ДУИ или за некои други потреби не е јасно од јавната набавка.

Во општина Дебар има околу 60 вработени.

Ако цената на едно кафе во овој град е меѓу 20 и 40 денари тоа значи дека ако општината плаќала за кафиња кои се прифатливи за општинска репрезентација градот платил меѓу 250 и 350 кафиња.

Или пак секој вработен испил меѓу 4 и 6 кафиња.

Најчитана вест

Во трката за лидер и човекот што контролира огромен дел од партиските структури

Ковачевски и Ременски добија сериозна конкуренција за врвот на СДСМ (ВИДЕО)