Oпштина Центар сè уште без одлука за одобрението за градба на „Маркеза“ на Водно

Законскиот рок од 30 дена за општина Центар да се изјасни по барањето за поништување на дозволата за градба на фирмата „Маркеза“ е поминат. Адвокатката на жителите на Водно, Јошевска Анастасовска вели дека општината може рокот да го продолжи на 30 дена, но за такво нешто не се известени.

Општина Центар се уште не донела одлука за барањето на жителите на улицата „Питу Гули“ на Водно за поништување на одобрението за градба на фирмата „Маркеза“, која на местото на шумата треба да гради објект за домување.

Жителите на Водно, како што пишуваше РСЕ, се жалат до општината на
веродостојноста на документацијата, дека е пробиена максималната катност, до парцелата нема пристапен пат и според нив, не е јасно како на инвеститорот ќе му се овозможи поставување на водоводна, фекална и атмосферска канализација и друга инсталација, при што објектот е со друга намена, а основниот проект содржи грешки и недостатоци.

Последниот аргумент на жителите поднесен на 1 април како дополнение на барањето до општина Центар за поништување на дозволата за градба е дека Маркеза приложила фиктивен елаборат. И покрај тоа што е поминат законскиот рок од 30 дена, односно до 1 мај, од општината за РСЕ велат дека се уште постапуваат по барањето.

„Во врска со прашањето за огласување на управен акт за ништовен на одобрението за градење на ДТУ Маркеза, Ве информираме дека Секторот за инспекции на Општина Центар сѐ уште постапува по барањето“, наведуваат од општина Центар.

Жителите ги застапува адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска вели дека законскиот рок за донесување на било каков управен акт е 30 дена. Но, како што додава законот дозволува во сложени предмети рокот да биде продолжен, но, не подолго од дополнителни 30 дена.

„За продолжување на рокот општината е обврзана да не извести. До денес немаме примено такво известување, а имаме поднесено ургенција за побрзо постапување по предметот“, вели Јошевска Анастасовска.

Продолжениот рок истекува на 1 јуни.

Целиот текст тука.