Општина Аеродром издвои 1,2 милиони денари за РК Вардар

На иницијатива од градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром донесе одлука за финансиска поддршка на ракометниот клуб Вардар од 1,2 милиони денари со ребалансот на буџетот.

„Во ваквите тешки мигови за нашата ракометна гордост, поддршката од наша страна беше неопходна. Голема благодарност до советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица кои гласаа за оваа финансиска помош“, објави Муцунски на Фејсбук.

Покрај за ракометарите на Вардар, во општинскиот буџет за оваа година се предвидени и 24 милиони денари за кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, кој во претстојната сезона се враќа во првата АБА-лига.