ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за поништување на Законот за попис.
Потписите на граѓаните ќе се собираат преку подрачните одделенија на Министерството за правда откако законот што го предлагаат СДСМ и ДУИ ќе биде објавен во Службен весник.
На социјалните мрежи тече електронска петиција за да се подигне свеста кај власта за негативно последици од најголемата статистичка операција.
На петицијата можат да се потпишат сите што сметаат дека пописот не е согласно правилата и дека се остава простор за манипулации.
Линк до петицијата
https://twitter.com/MickoskiHM/status/1350024021077852160?s=19
Опозицијата обвинува за наместен попис кој ќе биде резултат на политичка трговија на СДСМ и ДУИ.
Во контра реакција СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да запре со блокади, и веруваат дека пописот ќе биде без мана.
Расправата во Собранието за Законот за попис заврши вчера и се очекува во текот на идната недела владејачкото мнозинство да обезбеди мнозинство за негово донесување.
Пописот ќе чини 8,5 милиони евра а резултатите ќе бидат објавени најрано во ноември.