Гглавниот град на Македонија се најде на деветата позиција на платформата „IQAir“ која го следи загадувањето на воздухот.

Скопје има индекс на квалитет на воздух од 165, кој беше ажуриран на платформата во 9.00 часот, а пред него се наоѓаат градови од Ирак, Пакистан, Кина и Индија.


Главен загадувач во моментов во Скопје е ПМ 2,5 честичката и измерени се 84,4 микрограми на кубен метар.