Операција македонско финале – пишува Горан Момироски

Веќе дваесетина дена се борам со себе дали да објавам информации добиени од повеќе “свиркачи” кои доколку се покажат како точни, за брзо време ќе жалиме за загубениот статус “хибриден режим” кој во идниот извештај за демократијата во Македонија ќе се претвори во “диктатура”.

Информациите не можат да бидат формално правно проверени. Бездруго глупо е да се јавам во кабинетот на Заев и да прашам дали водите операција за притисок врз десетина лица критичари на власта.

Но, историјата на вистинитост за други настани за информации од истите луѓе покажува дека во најмала рака има простор да се постават низа прашања од кои зависи македонската демократија.

Двата настани кои се случија во меѓувреме а за кои немам право да зборувам сѐуште јавно се само капак на комплицираната ситуација.

“Рашковски го дадов, Вице не го давам”.

Ова е како што тврдат два различни извори од две различни институции работниот наслов со кој може да се опише операцијата која ја испланирале и можеби ја спроведуваат делови од македонските служби за безбедност блиски на премиерот Заев.

Целите на операцијата се да се спречат активностите на десетина лица, критичари на СДСМ и луѓе кои не се под контрола на најблиската екипа околу премиерот. Идејата е да се запрат сите јавни притисоци базирани на факти кон органите на прогонот кои можат да доведат до апсење на Вице Заев за кого видовме официјална кривична пријава каде е избришано неговото име.

Меѓу целите на операцијата за која зборуваат повеќе умни и рационални но уплашени луѓе нив има и судии, обвинители, новинари, екс и сегашни службеници во МВР и други соработници на служби за безбедност.

Заеднички именител за сите нив е тоа што знаат премногу за неделата на власта и не се плашат тоа да го соопштат пред јавноста.

Тие што се наоѓаат во институциите се опасни затоа можат да откријат и да извадат документи и други докази за злоупотреби на законот.

Новинарите можат да ги објават истите наводи и индиции за криминал и да направат притисок во јавноста.

Луѓето во правосудството можат да преземат процесни дејствија против луѓе кои се “заштитени мечки.

Методите за битка против погоре наведените категории можат да бидат различни: Од притисок за бркање од работа лично или на нивни блиски, малтретирање на родители или деца, отварање на афери за нив, закани за прогон, притосок врз економски субјекти поврзани со економско преживување на фирми, најмување криминалци индиректно да упатат порака дека” ја претерале” па се до отварање истраги без законска основа.

Изворите тврдат дека најголемиот дел од конструкцијата ја смислил еден човек сопруг на една професорка кој се обидува да дојде на чело на една важна институција а за тоа решава директно Зоран Заев.

Извори во СДСМ тврдат дека премиерот ја проголтал кнедлата со Рашковски кој иако наскоро ќе излезе од притвор нема да се спаси од затвор но не може да го прифати фактот што неговиот брат, семоќниот Вице Заев е еден од следните за соочување со законот.

Во општата “калаку*ница” што се случува во најважните државни институции каде се одвива пресметка меѓу внатрешните сили на СДСМ се вметнува и погоре спомената група која нема врска ниту со власта ниту со опозицијата но некои од нив предходно биле во позиција да дознаат многу работи за тоа што го правеле Заев и неговите најблиски луѓе.

Дали Заев знае за оваа планирана операција за пресметка со “опасните државни непријатели” или за слична операција искрено не знам.

Не исклучувам дека можеби директно не знае какви оперативни последици оставаат неговите зборови и нервоза кај неговите најблиски луѓе од доверба кои прават се што мислат дека треба да се направи за да се задоволат страстите на премиерот и лидер на СДСМ.

Оваа непознаница е особено нејасна кај луѓето од безбедносните служби кои имаат ресурси и желба да ги злоупотребат со цел да го задоволат главниот шеф кој е гневен на десетината луѓе кои во моментов се водат како “главни непријатели на државата” при што државата е Заев и неговото семејство.

На списокот ме нема мене ниту било кој мој колега од Алфа ТВ затоа што битката против единствената критичка телевизија веќе се води со помош на деловите на ЈО, УЈП, МВР и други институции под контрола на СДСМ но и поради фактот што сите инволвирани знаат дека реперкусиите од нас за обидот за уривање на демократските механизми на Македонија ќе бидат жестоки.

Реперкусиите, се разбира законски и согласно уставот, ќе бидат жестоки без разлика дали меѓу десетина црни овци на власта меѓу сум јас. Ударот е врз сите нас.

Поради нивните нечисти игри еден човек кој има сериозни здравствени проблеми пред неколку дена можеше лесно да не напушти.

Сите треба да знаат дека и кога удираат по него и слични луѓе кои се обидуваат да бидат баланс во општеството удираат по сите нас.

Наместо да ги чуваат како скапоцена терезија која ги урамнотежува партиско-политичките и идеолошки односи власта ги таргетира токму најранливите кои немаат никаква заштита. За тоа посебно ќе им се суди.

И затоа треба да си ги подготват своите најблиски за преселба во далечни дестинации, за соочување со законот или за добивање на пасош со нов идентитет какви што министерството на Оливер Спасовски без никаква мака издавало на стотина лица додека траела официјална истрага на МВР.

Без разлика дали операцијата е во тек, дали е само планирана или е започната па е запрена, таа покажува дека и на Илинденска и на Бихаќка знаат дека оваа влада е привремена. И дека може да трае уште 20 денови или 20 години но нема да легитимитет а по нејзиното паѓање најдобро ќе биде да им дојде Господ на помош.