,,Операција Груевски II” – Моќно бизнис-политичко лоби сака да го види Рашковски далеку од Македонија

Луѓе од безбедносните служби предупредуваат за постоење на индиции дека во Македонија во моментов се одвива планирање и подготовка за спроведување на таканаречена ,,Операција Груевски II” со која осудениот екс генерален секретар на владата Драги Рашковски би можел да ја напушти Македонија.

Безбедносните извори кои се дел од владеачката гарнитура предупредуваат дека моќно бизнис-политичко лоби сака да го види Рашковски далеку од Македонија.

Како урнек за негово заминување е земена операцијата со која од Македонија замина екс премиерот Никола Груевски кој сега е во Будимпешта.

Екс премиерот во Будимпешта доби статус на политички бегалец и не смее да биде вратен во земјава затоа што според унгарските институции кои ги следат правила на ЕУ може да се соочи со политички прогон од институциите.

Според анализите на безбедносните извори на expres.mk тие што би имале најголем интерес Рашковски да не биде достапен за органите на правдата би користеле друга рута од таа што ја користеше Груевски а крајната дестинација треба да биде една егзотична земја каде дел од истото политичко – бизнис лоби има свои имоти и бизниси.

Стравот на луѓето кои имаат интерес Рашковски да биде ,,евакуиран” е дека тој ќе во периодот на владење на оваа или идната влада на ВМРО-ДПМНЕ може да,,пропее” односно соработува со правосудни институции со кои би споделил тајни во кои се инкриминирани и други моќни и многу богати луѓе од Македонија.

Екс премиерот Заев, чиј најблизок соработник беше Рашковски во два наврати по почетокот на истрагата и процесот против екс генсекот на владата, пред три години рече дека тој има целосна верба во неговата невиност и дека за него тој не е виновен.

Заев засега не ја коментираше одлуката на судот.

Со евакуацијата на Рашковски тие што имаат интерес за неа ќе го елиминираат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој отворено се номинира за иден лидер на СДСМ и со тоа создава непријатели во својата партија кои имаат слични планови.

Спасовски го преживеа бегството на Груевски но ниту политички ќе може да избегне одговорност а не се исклучува дека ако Рашковски успее да избега за него може да има и кривична одговорност по повеќе основи.

Во моментов Рашковски има обезбедување согласно со законот какво што имаше и Груевски но тој сепак преку Албанија, Црна Гора, Србија успеа да стигне до Унгарија и да стане политички бегалец заштитен од ЕУ.

За сомнежот да биде поголем Рашковски беше осуден на најголема затворска казна односите во неговата криминална група но само тој доби домашен притвор со што постојат основни услови за спроведување на ,,Операција Груевски II”.

Судот денеска му изрече мерка куќен притвор на Драги Рашковски, осуден на осум години затвор за случајот „Софтвери“. Рашковски доби и забрана да комуницира со првите тројца обвинети Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев.

Во Основниот кривичен суд завчера Драги Рашкоски беше прогласен за виновен за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Софтвери“ и судот му определи осум години затвор, во кои ќе му се смета и времето поминато во куќен притвор.

Драги Рашковски доби казна затвор од седум години за злоупотреба на службена положба и една година и шест месеци за делото перење пари, за што судот му одреди една единсвтена казна затвор од осум години.