Опасност: Десет дена без семафори на фрекфентен скопски булевар (ФОТО)

Десетина дена не работат семафорите на двете крстосници на булеварот “Видое Смилевски Бато” во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром, информираат локали жители кои се плашат за безбедноста на своите деца но и на возрасните кои мораат да ја минат оваа локација.

“Семафорите се надвор од функција то ест не работат. Која е причината, никој не знае. Секојдневно има сообраќајки, ризично е да се премине на пешачки, бидејќи нема никаква сигнализација ниту за возила, ниту за пешаци.

Ова што се случува на овој булевар е вистински ХОРОР. Градот, општината се тотално незаинтересирани во решавање на овој навистина сериозен проблем”, апелираат граѓани кои веќе контактирале со општинските и градските служби но од таму не добиле одговор кога ќе биде вклучена сигналзацијата за пешаците и возилата.

Граѓаните се надеваат дека надлежните ќе ја видат објавата во медиумите и можеби тогаш некој ќе се смилува и ќе превземе нешто.