Опасен молк за информациите дека САД стојат зад уривањето на авионот на Борис Трајковски објавени од медиуми на Џабир Дерала

МОЖНО ЛИ Е САД ДА СТОЈАТ ЗАД ПОГИБИЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ КАЈ МОСТАР, прашува Плусинфо од каде анализираат зошто има молк за чудните тези на колумнистот на Фронтлајн.

Колумнистот Благојче Атанасовски инсинуира дека трагедијата кај Мостар е поврзана со „борбата на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското)“.

Атанасовски во портали на медиумскиот тајкун Џабир Дерала близок на СДСМ тврди дека Американците „таа борба (против Мицкоски) немилосрдно и бескрупулозно ќе ја водат до крај, макар да треба пак да пребаруваме тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.“

Колумната на Атанасовски отвара нови прашања за тоа што се случило со паднатиот авион во Мостар, во кој, на 26 февруари 2004 година, кога несреќно завршија животите на тогашниот претседател Борис Трајковски и осум члена на државната делегација и на екипажот?

Благојче Атанасоски, колумнист на порталите Фронтлајн и Нова ТВ, во својот најнов прилог на овие портали, под наслов „Руски рулет за Мицкоски“, пишува:

„ Најпросто објаснето со неколку реченици, станува збор за борба на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското), и тие таа борба немилосрдно и бескрупулозно ќе ја водат до крај, макар да треба пак да пребаруваме тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.“

Што сакал да каже со ова колумнистот на Фронтлајн и на НоваТВ?

Во почетокот на колумната, тој пишува:

„Недипломатските изјави на американската амбасадорка кај нас, г-ѓа Ангела Агелер, но и директните изјави на високите претставници на американската администрација, задолжена за Западниот Балкан, но и поширокото подрачје на евроазискиот континент, без задолжителната фина дипломатска обланда, со која во стилот на ‘ти кажувам ќерко, сети се снао’, постојано укажувале на тоа што нашите политички елити треба да направат , особено во сферата на надворешната политика, за да биде усогласена со таа на највисоките стратешки интереси на Американците, ни укажува само на едно: дека на ним веќе им е преку глава од нас и дека шумарот е тука, за да ја прекине ‘играта’ која ја игра лидерот на нашата опозиција ВМРО-ДПМНЕ, имено докторот даскал Христијан Мицкоски“.

Судејќи според овој вовед, колумнистот Атансовски прилично јасно инсинуира дека трагедијата кај Мостар е поврзана со „борбата на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското)“, која тие (Американците) „таа борба немилосрдно и бескрупулозно ќе ја водат до крај, макар да треба пак да пребаруваме тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.“

Колумнистот на Фронтлајн и на Нова ТВ пишува и други работи кои засега не се демантирани од САД.

Од ова може да се заклучи дека колумнистот сака да ни каже дека тие коишто сега бескрпулозно се борат против „српскиот свет“ и против „руското влијание“ во Македонија – Американците! – имале нешто и со трагедијата во 2004 година кај Мостар, во која загина претседателот Борис Трајковски.

Уредништвата на двата портала досега не се огласија во врска со тезите на авторот. Под колумната уредно стои вообичаената формулација дека станува збор за лично мислење на авторот, но кога се изнесуваат вакви серуиозни и тешки инсинуации, уредништвата би требало да имаат јасен став и соодветно со тоа, да носат уреднички одлуки.

Сите детали на Плусинфо