Настава во време на корона

Наставници жестоко реагираа по обуките за онлајн предавањата на Националната платформа, тврдејќи дека едукаторите им дале јасно на знаење дека е незаконски да бараат од учениците до 16-годишна возраст да имаат вклучено камера.



Односно дека им било кажано дека само децата имаат право да ја гледаат наставничката, но не и таа нив, пишува Фактор.

Наставниците сметаа дека на тој начин децата по прозивката може да продолжат да спијат, а тие да мислат дека се присутни.

По барање на Фактор од Министерството за образование и наука одговорија дека станува збор за двонасочен процес.

„Онлајн наставата не се снима и не се креира запис. Онлајн часот е како обичен час. Само овластени чинители имаат пристап до онлајн наставата, истите оние кои имаат пристап и кога се одржува настава со физичко присуство…“