Kонтроверзниот украински бизнисмен Олександар Онишченко за Сител вели дека сите документи со кои го добил македонското државјанство се легални.

Онишченко тврди дека во ниту еден момент не користел лажни документи, а неговата реакција следи откако македонската Влада ја почна постапката за одземање на неговото државјанство.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не одговори дали за случајот дополнително некој ќе одговара, освен веќе суспендираните лица од АНБ. Тој изјави дека не смеат да се изнесуваат информации од затворената седница, каде реферираше првиот човек на АНБ, Виктор Димовски. Онишченко е на црната листа на САД.

Тој претходно рече дека македонскиот пасош не е ништо побитен од украинскиот или германскиот кои тој ги поседува. Тој планирал да отвори банка во земјава.