Украинецот Олександр Онишченко на кој му било дадено македонско државјанство иако е на црна листа на САД, открива дека во Македонија сакал да купи банка.
Државјанството го добил откакоо го побарала македонската коњичка федерација да помогне, а коњите биле негови и тој самиот спонзорирал и вели дека скандалот бил поттикнат бидејќи во Македонија некој смета дека ќе го земе бизнисот со гас.
„Кажете им дека само со спорт се занимавам. И со инвестициски бизнис. Не со гас. Гас не ме интересира повеќе. Може да се смират…“, вели тој за Слободен печат.
Додава дека немал план за енергетски бизнис туку имал планови да купи банка која не може да ја купи ако одат вака работите понатаму.
„Јас сега се занимавам само со финансиски бизнис, не се занимавам веќе со енергетскиот“, рече тој.
Поведена е постапка за одземање на македонското државјанството на украинскиот политичар.
