Онишченко не е единствениот што во сомнителна процедура во која е кршен законот добил македонски пасош. Уште најмалку 4 контроверзни странци добиле македонски пасош објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во вестите на Сител.
Николовски открива дека Онишченко бил само 2 дена во Македонија пред да добие државјанство.
Краткиот престој во земјава во која го отвара прашањето дали во тие 2 дена оперативците на АНБ воопшто спровеле интервју со него како барател за државјанство што е законска обврска.
Според Николовски има уште 4 други случаи во кои АНБ не спровеле безбедносна проверка а се дадени државјанства по член 11 од законот за државјанство кој е прекршен.
Повеќе детали во видеото
https://www.facebook.com/sitelmk/videos/1192860178024676/