Премиерот Димитар Ковачевски вели дека истрагата ќе треба да докаже во кои ситуации Онишченко го прекршил членот 14 од Законот за државјанство.
На затворената седница на Владата, директорот на АНБ ја објаснил целата процедура, но бидејќи средбата била од затворен карактер, информацијата не може да се сподели со јавноста, пшренесе Алсат М.
Владата во средата одлучи да започне постапка за одземање на државјанството на Онишченко, кому истата оваа Влада во мај годинава му го додели.
Директорот на АНБ, Виктор Димовски, минатата недела реферираше во Собранието за постапувањето на институцијата што ја води во однос на барањето на државјанство на Онишченко.
Иако АНБ сè уште не излезе со официјален став, неофицијално се дознава дека најмалку двајца вработени од оваа агенција се суспендирани од работа.
