Генералното собрание на Обединетите нации вчера со големо мнозинство ги осуди обидите на Русија да анектира четири региони на Украина.

Резолуцијата беше поддржана од 143 земји, додека 35 земји, вклучувајќи ги Кина и Индија, беа воздржани, пренесе Би-Би-Си.

Четири земји гласаа „против“ – Белорусија, Северна Кореја, Сирија и Никарагва.

Иако симболично, тоа беше најголемото гласање против Русија од почетокот на војната.

Минатата недела, на голема церемонија во Кремљ, претседателот Владимир Путин потпиша документи за пристапување на источните украински региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Керсон кон Русија.