„Факт е дека и моето Куманово е ослободено од македонските партизани, од борците кои се бореа против фашизмот. И Македонија е ослободена од борците на НОБ, тоа се потврдени факти, не треба за ова да дебатираме. Македонија беше една од државите кои се бореа против фашизмот, основата на македонската држава лежи во авнојска Југославија и во АСНОМ“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува со некои тврдења дека Куманово било ослободено од страна на Бугарите.

Спасовски не одговори конкретно дали стои зад ставовите на премиерот Зоран Заев, искажани во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, изјавувајќи дека „сѐ она што се прави од премиерот и од Владата е да ги отвориме перспективите, преку достоинство на двата народа и држави, притоа да не заборавиме што се случило, но да си простиме за да одиме напред“. (Вечер)