Оливер Спасовски и законот “суспендирани” од “една политичка партија”

Законите и пред сите други министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера од страна на “една политичка партија” е “суспендиран” од овластувања да ги решава проблемите со безбедноста на граѓаните и полицајците што ги предводи.

Повеќе медиуми денеска пренесоа дека не полицијата и МВР туку една политичка партија посредувала да се реши нападот на граѓани врз полициска патрола при што биле повредени полицајци.

“Вчера попладне, како што дознаваме, се случил инцидент во скопското село Количани, каде што дрвокрадци нападнале полицајци. Во инцидентот биле повредени полицајци кои употребиле и оружје.

Според неофицијалните информации, кога во селото се упатила помош од МВР, излегле околу 80 до 100 луѓе, кои не ја пуштале Брзата помош да помине и да ги земе повредените полицајци.

Во селото пристигнала и група од 50-тина вооружени полицајци, подготвени за акција, но во последент момент, по реакција на една политичка партија, селаните се повлекле и повредените полицајци се пренесени в болница. Во инцидентот немало други повредени”, пишуваат повеќе медиуми за инцидентот.

Никој не објавува која е политичката партија и врз основа на кој закон посредувала при напад врз полицајци но најверојатно се работи за една партија која што не го признава премиерот и најавува дека таа сама ќе решава за судбината на своите министри и други функционери кои што треба да бидат “заметени”.

Медиумските извештаи за инцидентот