Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот во кој вчера беше повреден еден навивач на фудбалскиот клуб „Левски” од Софија.

Од ОЈО соопштуваат дека според првичните сознанија, до настанот дошло додека навивачи на ФК „Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.

Приведен 21 хулиган, од кои 19 од Бугарија, пред и за време на мечот Шкупи-Левски

„Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти. При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба“ , стои во соопштението.

Избоденот навивач на „Левски“ е во стабилна состојба во болница во Скопје

„Со цел утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење“ велат од Обвинителство.

Исто така,обезбедени видео записи од околните објекти и од камерите на системот „Безбеден град”, а се преземаат и други дејствија.