Во Охрид, годинава Водици се чествуваше поинаку поради пандемијата, но охриѓани сепак влегоа во Езерото.

Светиот крст годинава за првпат наместо од езерските води дирекно од црковниот казан во светиот храм Свети Никола Геракомија замина во рацете на Никола Чорбески од Варош.

„Оваа година мене ми беше среќата, секоја година се капиме. Годинава на поинаков начин, но среќата била за мене. Господ здравје на сите и за многу години“, вели Чорбески.

Охрид 1 јави дека тој прв влезе во езерото со крстот во рака.

Според синоптичарите, ова празнично утро е едно од најстудените оваа зима во земјава, со мунимална температура на воздухот од -14  до -4 степени Целзиусови, додека температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 8 C°.