Премиерот Зоран Заев денеска ги претстави 4 амандмани на Уставот подготвени од владата според кои името на државата ќе биде Република Северна Македониј,а  отпажаат одлуките и на нивно место се вметнува Прогласот на АСНОМ, во Уставот влегува и Охридскиот договор, а грижата за малцинствата во соседните земји се заменува со ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство.

Според Првиот амандман, името Република Македонија се заменува со Република Северна Македонија секаде во Уставот, „освен во членот 36 каде има историски аспект“, рече Заев.

Со вториот, во Преамбулата на Уставот, одлуките на АСНОМ  се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата.

„Тоа е така затоа што дел од одлуките на АСНОМ велат ‘Македонци од Грција и Бугарија обединете се‘. Прогласот го нема тој дел, туку во него се зборува за единството во државата, демократијата, државотворноста, слободата, човековите права и слично и тоа е фер пристап за градење пријателство“, објасни премиерот, как што пренесува МКД.мк.

„Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е дека Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегриет и политичката независност на соседните држави, што дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи, изјави Заев.

Во четрвтиот амандман, како што кажа, покрај потврдување на македонскиот идентитет стои дека Републиката, и ги унапредува нивните врски со татковината.

Запрашал како дојде до промената Охридскиот рамковен договор да биде дел од Уставот, премиерот Заев рече дека низ дебата со пратениците одлучиле кога веќе се отвора Уставот, да се додаде и тој важен документ, кој и онака е веќе вграден во Уставот.