Редакцијата на ОхридСкај дојде до официјални анкети на ОБСЕ, околу излезеноста за претстојниот референдумот на 30-ти септември.
Според анкетите излезеноста на граѓаните наводно ќе била 32,3 проценти или од 1.910.000 колку што е вкупниот број на лица со право на глас, на гласање на референдумот би излегле 616,930 граѓани, објави ОхридСкај.
Ова е сосема спротивен „податок“ од анкетата на Љубљанскиот институт ИФИМЕС, според која речиси 2 третини од граѓаните ќе излезат на гласање, од кои над 60 отсто ќе гласаат „за“ преспанскиот договор на 30 септември.