Охридскај: Саше политико ја претепал сопругата

Порталот охридскај објавува дека миленикот на Владата и еден од главните поддржувачи на владините политики Сашо Иваноски сопственик на порталот Мактел.Мк , синоќа ја претепал својата сопруга.

Како што дознава редакцијата Охридскај од свои извори Саше Иваноски синоќа во својот дом физички ја малтретирал својата сопруга, при што и нанел видливи физички повреди по тело.

Од пoлициjaтa за „Нетпрес“ го потврдиле случајот:

„На 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23.07 часот С.И.(38) пријавил дека физички бил нaпaднaт од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нoж, во стан во Скопје. На 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нaпaднaтa од С.И., кој употребил и нoж во стан во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираа од пoлициja.

Целата информација на охридскај.com